11 септември – Чиста совест

„Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.“ (Дела 24,16)

Драги браќа, Господ ве повикува на строго испитување на срцето. Тој ве повикува вистината да ја „украсувате“ со својот секојдневен живот и со своите постапки… За вас е мошне опасно да си играте со светите барања на совеста… Дали во Христовата школа секојдневно учите како да го отфрлите сомнежот и како кон своите браќа да станете искрени и благородни, заради самите вас и заради Христа? (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 195. оригинал)

На сите кои во тие тешки денови бестрашно ќе му служат на Бога според своја сопствена совест, ќе им биде потребна храброст, решителност и познавање на Бога и на Неговата Реч, зашто сите што ќе му останат верни на Бога ќе бидат гонети. Нивните најчисти побуди и нивните најблагородни напори ќе бидат погрешно толкувани, а нивното име озлогласено и презрено. Сатаната со сета своја измамничка сила ќе настојува да влијае врз срцето и да го затемни умот за злото да го претстави како добро, а доброто како зло. Доколку е посилна и почиста верата на Христовите следбеници и порешителна нивната послушност кон Бога, сатаната сѐ повеќе ќе се труди против нив да ги поттикне оние што го газат Божјиот закон. (Делата на апостолите, стр. 431. оригинал)

Нашите собири треба да бидат водени, а ние треба да се однесуваме така, што кога ќе се вратиме дома, ќе имаме чиста совест кон Бога и ближните; свесност дека на ниеден начин не сме ги повредиле или навредиле оние со кои сме се дружиле, ниту сме имале штетно влијание врз нив. (Порака до младите, стр. 385.386. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest