11 јуни – Не сме веќе деца што ги лула и занесува секој ветар

„За да не бидеме веќе деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што – со човечката измама и лукавство – доведува до итро измислени заблуди. Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сè – кон Него, Кој е Глава, Христос.“ (Ефесјаните 4,14.15)

Во усовршувањето на христијанскиот карактер, суштинско е да се истрае во правењето добро. Би сакал да им ја врежам на младите важноста на истрајноста и енергијата во делото на градење на карактерот. Од најраните години потребно е во карактерот да се вткаат начела на строга чесност, за младите да можат да го достигнат највисокиот стандард на машкост и женственост. Тие секогаш треба да го имаат пред очи фактот дека се скапо купени, и дека треба да Го прославуваат Бога во своето тело и дух, кои се Негови…

Задачата на младите е да напредуваат од ден на ден. Петар вели: „Исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење; а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност; а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов. Зашто, ако го имате сè тоа и тоа се умножува, не ве прави мрзливи и бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос.“

Не треба постојано да мислите на сите овие последователни чекори, ниту да ги броите на почетокот; туку насочете го погледот кон Исус, со целосна посветеност на Божјата слава, и ќе напредувате. Не можете за еден ден да ја достигнете полната мера на Христовиот раст, и би паднале во очај ако би можеле однапред да ги видите сите тешкотии што треба да се пресретнат и надминат. Имајте на ум дека се борите со сатаната, кој со сите можни лукавства ќе се обиде да ви го одврати умот од Христос. (Порака до младите, стр. 45.46. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest