11 јули – Што и да побараме во Негово име, ќе направи

„И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“ (Јован 14,13.14)

Продолжете по тесната патека на верата. Имајте доверба во сите Божји ветувања. Верувајте му на Бога и во мрачните моменти; токму тогаш треба да имате силна вера. Меѓутоа, вие често дозволувате со вас да господарат чувствата. Кога не се чувствувате охрабрени со Божјиот Дух, вие барате доблести во себе, и потоа очајувате затоа што не можете да ги најдете. Немате доволно доверба во Христос, драгиот Спасител. Неговите заслуги не сте ги прифатиле како доволни за сѐ во животот. И со најдоброто што можете да го направите со своја сила не можете да ја заслужите Божјата наклоност и Неговото одобрување. Спасението зависи само од Христовите заслуги. Само со Неговата крв можете да бидете очистени од гревот. Но треба да вложите и одредени напори. Мора да направите сѐ што можете од своја страна. Бидете повеќе ревни, покајте се и верувајте. (Сведоштва за црквата, вол.1, стр. 167. оригинал)

Ми беше покажано дека ако не почувствуваме дека веднаш сме добиле одговор на својата молитва, треба и понатаму цврсто да се држиме за нашата вера, не дозволувајќи во срцето да ни се вовлече сомневање, зошто тоа би нѐ одвоило од Бога. Ако се колебаме во верата, да не очекуваме дека од Него ќе добиеме било што. Нашата доверба во Бога мора да биде постојана, и благословот како обилен дожд ќе дојде кога ќе ни биде најпотребен.

Кога Божјите слуги бараат во молитва водство од Светиот Дух и Негов благослов, одговорот некогаш доаѓа веднаш, но тоа не е секогаш така и не во секоја молитва. Кога ќе се случи така, не паѓајте во малодушност. Фатете се со вера цврсто за Божјите ветувања и тие ќе бидат исполнети. Имајте целосна доверба во Бога, и благословот што сте го барале често ќе дојде кога ќе ви биде најпотребен, неочекувано ќе примите помош од Бога додека им ја изнесувате вистината на неверниците и ќе бидете оспособени да зборуваате исклучително јасно и со голема сила. (Сведоштва за црквата, вол.1, стр. 121. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest