11 декември – Бог престојува во понизно срце

„Зашто вака зборува Вишниот и Возвишениот, Кој вечно живее, и Името Му е Светиот: ‘Престолувам во високо и свето место, но Јас Сум и со угнетуваните и со понижуваните, за да го оживеам духот на смирените, за да го оживеам срцето на скрушените.’“ (Исаија 57,15)

Христос на Своите ученици им го открил Бога на начин кој во нивното срце извршил едно посебно дело; Тој одамна нè повикува да Му дозволиме тоа дело да го изврши и во нашите срца. Многумина премногу се задржуваат на теории и поради тоа ја губат од вид животворната моќ на примерот на Спасителот. Тие го губат од вид Него како понизен, самопожртвуван работник, а би морале секогаш да Го имаат пред своите очи. Нам секојдневно ни е потребно откривање на Неговата присутност. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 317. оригинал)

Господ постапувал многу нежно со Израел во времето кога го ослободил од египетското ропство и го следел на патот до Ветената Земја… „Јас самиот ќе тргнам пред тебе,“ гласело Неговото ветување за време на патувањето низ пустината. Тоа било проследено со чудесно откровение на Божјиот карактер, па Мојсеј можел да му објави на целиот Израел за добрината Господова и детално да ги поучи за карактерот на невидливиот Цар. (Пророци и цареви, стр. 312. оригинал)

Иако невидлив, дејствувањето на ветерот се гледа и се чувствува. Така и дејствувањето на Духот во душата ќе се покаже во секое дело на оној што ја почувствувал Неговата спасоносна сила. Кога Божјиот Дух ќе го освои срцето, Тој го преобразува и животот. Грешните мисли се отфрлаат, лошите дела се напуштаат; местото на гневот, зависта и кавгите го заземаат љубов, понизност и мир. Местото на жалоста ја зазема радост и лицето свети со небесна светлина. Никој не ја гледа раката што го зема товарот ниту ја забележува светлината што слегува од небесните дворови. Благослов доаѓа тогаш кога душата со вера му се покорува на Бога. (Порака до младите, стр. 158. оригинал)

13 декември - Службата на Божјите ангели
12 декември - Бог ги подготвува идните станови за спасените
11 декември - Бог престојува во понизно срце
10 декември - Бог седи меѓу херувими
9 декември - Тој во почеток ја основал Земјата
8 декември - Ништо не е тешко за Тебе
7 декември - Тој седи над земскиот круг
6 декември - Бог го создал човекот добар
5 декември - Тој создал и сè оживува
4 декември - Распнатите небеса ја покажуваат Неговата моќ

Pin It on Pinterest