11 aприл – Предај Му го својот пат

„Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сè.“ (Псалм 37,5)

Кај луѓето обично постои себичност и славољубие кои го спречуваат Божјото дело. Не смее да се внимава на личните интереси. Никој не треба да има цел да биде прв, никој не треба да се издвојува од Божјите работници, ниту да зборува и да пишува занесено за предметите кои не се разгледани критички и преку молитва и кои во понизност не се изнесени пред одборот.

Идниот свет со своите непроменливи и свечени прашања е близу – толку близу, толку многу блиску, а преостанува многу работа да се изврши и многу важни одлуки да се донесат! При сето тоа во нашите одбори се натрупуваат предрасуди, себични идеи и планови, лоши наследени црти на карактерот и се дозволува сето тоа да влијае на работата. Сите треба да согледате дека е грев да се управувате според личните побуди. Не смеете да ја злоупотребите вашата власт и да ја искористувате за спроведување на сопствените планови, само затоа што се наоѓате на положба која ви овозможува да постапувате така, без оглед на тоа какви последици ќе има тоа врз другите. Овластувањето што ви е дадено треба да го употребувате како свет, свечен залог, и да имате на ум дека сте слуги на највозвишениот Бог и дека на Судниот ден ќе одговарате за секоја ваша постапка. Ако вашите постапки се несебични, ако придонеле за Божјата слава, тие ќе ја издржат проверката. Славољубието е смрт за духовното напредување, генијалецот греши, мрзеливоста е злосторство. Меѓутоа, животот во кој се почитувани сите праведни начела ќе биде крунисан со успех. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 419. оригинал)

Кога малото дете ќе тргне на ова патување на кое, порано или подоцна, мора само да ја одбере својата насока, само да одлучи за својата свечена судбина, колку искрени би требале да бидат напорите да го упатиме да Му ја подари својата доверба на сигурниот Водич и Помошник! (Воспитување, стр. 255. оригинал)

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest