10 септември – Искреност

„Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.“ (1. Јованово 2,6)

Чесност во намерите, сесрдна преданост кон Бога, тоа е условот на кој укажуваат Христовите зборови. Бидете искрени и непоколебливи во своите настојувања да ја познаете вистината и да ѝ се покорите без оглед на цената, па ќе примите божествено просветлување. Вистинската побожност започнува тогаш кога престанува секоја спогодба и компромис со гревот. Тогаш и нашето срце ќе проговори заедно со апостол Павле: „Го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос…

На искушението му потклекнуваме во оној миг кога ќе му дозволите на разумот да се колеба, да биде непостојан во својата доверба во Бога. Ако не решиме потполно да се предадеме на Бога, ќе останеме во темнина. Ако задржиме за себе што и да било, тогаш оставаме отворена врата преку која сатаната може да влезе и да нѐ заведува со своите искушенија. Тој добро знае дека нема да има бедеми против гревот само ако успее да го затемни нашиот вид, така што окото на верата не може да го види Бога. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 91.92. оригинал)

Живееме во времиња полни со значење за секој од нас. Светлината сјае во јасни, постојани зраци околу нас. Ако оваа светлина е правилно примена и ценета, таа ќе биде благослов за нас и за другите, но ако се потпираме на нашата сопствена мудрост и сила, или на мудроста и силата на нашите ближни, таа ќе се претвори во отров. Во борбата за вечен живот, не можеме да се потпираме еден на друг. Лебот на животот мора да го јаде секој поединец. Мораме индивидуално да го примиме, за да може душата, телото и умот да бидат обновени и зајакнати со неговата преобразувачка моќ, и така да се уподобат на умот и карактерот на Исус Христос. Бог мора да биде прв и последен и најдобар во сѐ. (Testimonies to Ministers, p. 385)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest