10 октомври – Искрен дух

„Одеа со плачење, носејќи го семето за сеење: навистина ќе се враќаат со песна, носејќи ги своите снопови.“ (Псалм 126,6)

Дај сè од себе, а Бог ќе ги прифати твоите напори. Преземи ја најблиската должност што те чека и изврши ја со верност, и твојата работа ќе биде целосно прифатлива за Господарот. Немој, во својата желба да направиш нешто големо, да ги занемариш помалите задачи што те очекуваат. (Порака до младите, стр. 96. оригинал)

Христовото доаѓање е на прагот и брзо се приближува. За работа ни останува уште малку време, а луѓето пропаѓаат. Ангелот рече: „Зар не би требало луѓето кои веќе примиле голема светлина да соработуваат со Оној кој го пратил својот Син во светот за да им даде светлина и спасение на луѓето? Зар луѓето кои ја примиле вистината заповед по заповед, правило по правило, тука малку, таму малку, ќе му укажат толку малку почитување на Оној кој дошол на земјата за Неговата божествена сила да стане наследство на секоја душа која верува? Така Христовото божество требало да стане делотворна сила во спасување на човечкиот род, а посредувањето на нашиот Првосвештеник пред Божјиот престол, корисно. Овој план е создаден на небото. Зар луѓето кои се купени по таква цена нема правилно да го вреднуваат скапоценото спасение? (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 105. оригинал)

Мисионерите треба да влезат во полето пред да бидат принудени да престанат со работа. Сега има отворени врати на сите страни; тие не можат да си дозволат да чекаат за да завршат години на обука; зашто годините што ни претстојат не се многу, и треба да работиме додека трае денот. (Fundamentals of Christian Education, p. 359)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest