„‘Ако сакате да Ме послушате, ќе уживате во земните плодови. Ако истраете во бунтовството, ќе ве проголта меч.’ Така зборуваше Господовата уста. (Исаија 1,19.20)
Недостатокот кон почитување на советите на побожните родители претставува еден од впечатливите гревови на ова изопачено време. Во нашата земја има многу животи кои станале мрачни и бедни заради еден чекор во темнина. Многу млади луѓе со едно дело на непослушност го уништиле целиот свој живот и ја јадосале мајката. Бог ќе те повика на одговорност ако и ти тргнеш по тој пат. Презирајќи го советот на својата богобојазна мајка, која е подготвена да го даде својот живот за своите деца, ти ја прекрши петтата заповед. Ти не знаеш каде те водат твоите чекори.
Јас уште еднаш се застапувам за барањата на мајката, за мајчинската љубов. Гревот на непокорност кон христијанската мајка покажува најниска неблагодарност. Таа бдеела над тебе во деновите на твојата немоќ во детството; кога те негуваше со љубов, небото беше сведок на нејзините молитви и нејзините солзи. Таа напорно работеше за своите деца и планираше, мислеше на нив, се молеше и се жртвуваше за нив. Целиот твој живот, нејзиното добро срце, беше загрижено за твојата среќа. А сега, ти повеќе сакаш да одиш по сопствениот пат, се поведуваш по својата упорна и слепа волја, без оглед на горката жетва што ќе ја пожнееш и на тагата и болката која ѝ ја нанесуваш на својата мајка. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 125. оригинал)
Непослушноста ја затворила вратата за огромно количество знаење кое можело да се стекне преку Божјата Реч. Да биле луѓето послушни, ќе го разбрале планот на Божјото владеење. Небесниот свет ќе ги отворел своите одаи на благодат и слава за истражување. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 440)