10 јули – Што и да побараме, ќе примиме

„И што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.“ (1. Јованово 3,22)
Може дури и да се случи родителот да заборави на своето гладно дете, но нашиот Бог никогаш нема да го одбие повикот што копнежливото срце го упатува во неволја. Со колкава прекрасна нежност Тој ја опишал својата љубов! Тоа е всушност порака на Татковото срце до оние што во мрачните денови мислат дека Бог е рамнодушен кон нив: „А Сион велеше: ’Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!’“ Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на своите дланки сум те врежал“ (Исаија 49,14-16).

Секое ветување во Божјата реч може да ни послужи како предмет за молитва, бидејќи секој Господов збор е сигурен залог. Кога ни е потребен кој било духовен благослов, наша предност е да го побараме преку Исуса. Со детска едноставност можеме да го изнесеме пред Господа токму она што ни е потребно. Можеме да му ги соопштиме своите земски потреби, молејќи го за леб и облека, но исто така можеме да го молиме и за лебот на животот и облеката на Христовата правда. Вашиот небесен Татко знае дека сето тоа ви треба и затоа ве повикува да го молите за тоа. Во името на Христа ја примаме секоја благодат. Бог ќе го прослави тоа име и ќе ги задоволи вашите потреби од изобилството на својата дарежливост.

Но не заборавајте дека, кога му пристапувате на Бога како на Татко, вие признавате дека сте Негови деца. Не се надевате само во неговата добрина, туку во сѐ се покорувате на Неговата волја, знаејќи дека Неговата љубов никогаш не се менува. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 132.133. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest