10 декември – Бог седи меѓу херувими

„Господи над Воинствата, Израелев Боже, Кој седиш меѓу херувимите, Ти си единствениот Бог над сите царства на земјата, Ти ги создаде небото и земјата.“ (Исаија 37,16)

Местото каде што престојува Царот над царевите, каде што му служат илјадници, а десет илјади по десет илјади стојат пред него (Даниел 7,20) – небесниот храм, полн со слава на вечниот престол, каде што неговите свети чувари, серафимите, го покриваат своето лице кога му се поклонуваат – можел само минијатурно да ја открие својата големина и слава во оваа прекрасна градба што кога и да е ја подигнале човечки раце…

Во небесниот храм, каде што престојува Бог, се наоѓа Божјиот престол утврден врз правда и суд. Во светињата над светињите се наоѓа неговиот закон, големото мерило на правдата, според кое Бог Ќе им суди на сите луѓе. Ковчегот на заветот, во кој се чуваат плочите на законот, е покриен со поклопец на милоста, пред кој Христос ги изнесува заслугите на својата крв за спасение на грешниците. Вака е претставено соединувањето на правдата и милоста во планот за откуп на човекот. Вакво единство можела да замисли само неизмерната мудрост, а да ја изврши само неизмерната моќ; тоа е единство што го исполнува целото небо со восхит и почит. Херувимите, кои со стравопочит гледаат во поклопецот на милоста во земното Светилиште, го претставуваат интересирањето со кое небесната војска го посматра делото на спасението. Ова е тајна на милоста во која сакаат да загледаат и ангелите: дека Бог може да остане праведен кога го правда покајаниот грешник и пак да воспоставува врска со паднатиот род; дека Христос можел да се понизи за да извлече безбројно мноштво од бездната на пропаста и да ги облече во чиста облека на својата праведност за да можат да се соединат со ангелите кои никогаш не паднале и вечно да живеат во Божје присуство. (Големата борба, стр. 414.415. оригинал)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest