10 август – Ги знам моите престапи

„Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене.“ (Псалм 51,3)

На оние кои тврдат дека веруваат во вистината, за навистина да го следат Христа и да ја творат Божјата волја, неопходна им е потполна обратеност – не потчинетост предизвикана од околностите, како што тоа бил случај со престрашените Израелци кога пред нив се покажала силата на Семоќниот, туку длабоко и искрено каење и отфрлање на гревот.

Оние кои се само напола обратени личат на дрво чии гранки се наведнуваат кон вистината, но чии корени – длабоко закопани во земјата – цврсто се држат за неплодната почва на овој свет. Од таквите гранки Исус напразно очекува плодови; Тој таму наоѓа само лисја. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 155. оригинал)

Причината зашто младите, па дури и оние што се зрели во години, толку лесно подлегнуваат на искушенијата и гревот е во тоа што не го проучуваат Божјото Слово ниту размислуваат за него како што би требало. Недостатокот на цврста и одлучна волја која се покажува во нивниот живот и карактер е последица на нивната немарност кон светите поуки на Божјото Слово. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 319. оригинал)

Мораме да го согледаме своето сиромаштво и своите потреби за Христос да ни помогне. Мораме вистински да се познаваме самите себе. Христос може да го спаси само оној што е свесен дека е грешник. Само ако ја согледаме својата потполна беспомошност и ако се одречеме од самоувереноста, ќе можеме да се потпреме на божествената сила… Сите наши дела зависат од сила која не се наоѓа во нас самите. Според тоа, срцето непрестано мора да копнее кон Бога, гревот мора искрено да се признае, а душата мора да биде понизна пред Бога. Нè опкружуваат опасности и ние ќе бидеме сигурни само ако со рацете на верата цврсто се држиме за својот моќен Избавител, свесни за својата слабост. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 316. оригинал)

19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости
12 август - Испитај ме и познај го срцето мое
11 август - Светиот Дух осведочува
10 август - Ги знам моите престапи

Pin It on Pinterest