10 aприл – Не заборавајте го Мојот закон

.

„Сине мој, не ги заборавај моите поуки, и твоето срце нека ги чува моите заповеди, зашто ќе ти ги продолжат деновите и годините на животот и ќе ти додадат мир.“ (Пословици 3,1.2)

Никој не може правилно да го претстави Божјиот закон без евангелието или евангелието без законот. Законот е воплотено евангелие, а евангелието е објаснување на законот. Законот е корен, а евангелието мирисен цвет и плод што го донел коренот. (Христови параболи, стр. 128. оригинал)

На многу болни што биле исцелени, Христос им рекол: „Не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо“ (Јован 5,14). На тој начин дал поука дека болеста е последица на кршењето на Божјиот закон, како природниот така и духовниот. Кога луѓето би живееле во согласност со планот на Творецот, во светот не би постоела големата беда. (Копнежот на вековите, стр. 824. оригинал)

Со својата непослушност кон Бога, Адам и Ева го загубиле Едем; поради гревот цела земја е ставена под проклетство. Но, ако Божјиот народ ги следи Неговите упатства, неговата земја повторно ќе биде плодна и убава. Бог им дал упатства за обработка на земјата; требало да соработуваат со Него при обновувањето на нејзината првобитна плодност. На тој начин сета земја, под Божја управа, би станала примерен расадник на духовните вистини. Послушноста кон Неговите природни закони би придонела земјата ширум да ги отвори своите граници, а послушноста кон Неговите морални закони би помогнала срцата на луѓето да ги одразуваат особините на Неговиот карактер. Дури и многубошците требало да ја увидат надмоќноста на оние кои му служат и го обожаваат вистинскиот Бог. (Христови параболи, стр. 289. оригинал)

Законот е можно да се држи само со помош на Христовата милост, благодарение на Неговите заслуги. Верувањето дека гревот навистина ќе му биде простен го оспособува паднатиот човек да го љуби Бога со сето срце и својот ближен како самиот себе. (Христови параболи, стр. 378. оригинал)

 

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest