„Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце. Колку се големи Твоите дела, Господи, и длабоки се Твоите замисли!“ (Псалм 92,4.5)
Убавината на природата може многу повеќе да ве научи за Божјата мудрост, отколку луѓето што се образуваат во некои школи. На венечните ливчиња на кринот Бог ти упатува порака напишана на јазик кој твоето срце ќе може да го чита дури кога ќе заборави на недовербата, себичноста и грижата која го нагризува. Зошто Бог ви ги дал распеаните птици и прекрасното цвеќе? Зар не е тоа заради преголемата љубов на своето татковско срце кое сака да ја разведри и развесели вашата животна патека? Сѐ што ви е потребно за одржување на животот би го имале и без цвеќето и птиците. Но Бог не се задоволил со тоа да ви го даде само она што е неопходно за најосновните животни потреби. Тој ги исполнил земјата, воздухот и небото со одблесокот на небесната убавина, за тие да ви раскажуваат колку Тој во својата љубов мисли на вас. Убавината на сѐ што е создадено претставува само еден зрак од сјајот на Неговата слава. Ако употребил толку неограничена умешност при создавањето на делата во природата за да ве направи среќни и радосни, зар можете да се сомневате дека нема да ви ги даде и сите благослови што ви се потребни? (Мисли од гората на блаженствата, стр. 96. оригинал)
