1 септември – Дајте се себеси на Бога

„И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!“ (Римјаните 6,13)

На нас е печатот на Божјата сопственост. Тој нè откупил и сака да се сеќаваме дека нашите физички, ментални и морални сили Му припаѓаат Нему. Времето и влијанието, разумот, љубовта и совеста, сè Му припаѓа на Бога и треба да се користи само во согласност со Неговата волја. Тие не треба да се користат во согласност со насоките на светот, бидејќи светот е под водство на некој што е непријателски настроен кон Бога.

Телото, кое е храм на душата, Му припаѓа на Бога. Секоја тетива, секој мускул е Негов. Во ниту еден случај не треба со занемарување или злоупотреба да ослабиме ниту еден орган. Треба да соработуваме со Бога со тоа што ќе го одржуваме телото во најдобра можна здравствена состојба, за да може да биде храм каде што Светиот Дух ќе престојува, обликувајќи ја, според Божјата волја, секоја физичка и духовна сила.

Умот мора да биде исполнет со чисти принципи. Вистината мора да биде врежана на плочите на душата. Сеќавањето мора да биде исполнето со скапоцени вистини од Словото. Тогаш, како прекрасни скапоцени камења, овие вистини ќе светнат во животот. (Порака до младите, стр. 69. оригинал)

Народот Божји ќе биде испитан и проверен. Оние што ја празнуваат саботата мора да поминат низ процес на строго преиспитување. Колку често, слично на стариот Израел, го забораваме Бога и Неговите чудесни дела и се бунтуваме против Него! (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 287. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest