„Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.“ (Јован 15,16)
Животот на Земјата е почеток на животот на Небото; воспитувањето на Земјата е запознавање со принципите на Небото; животната професија тука, нѐ подготвува за животната професија таму. Она што сме сега во карактерот и во светата служба, однапред јасно ни кажува за она што ќе бидеме… Она што го правел тука, Христос го прави и горе, а наша награда за работата со Него во овој, ќе биде поголемата сила и повозвишената предност да работиме со Него во светот што ќе дојде…
Во нашиот сегашен живот, иако е земски и ограничен со гревот, најголема радост и највисоко воспитување се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко воспитување ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето „колку е богата славата на оваа тајна“ – „Христос во вас, надеж на славата“. (Воспитување, стр. 307-309. оригинал)
Христoс нe ни дaл oгрaничeнa службa. Toj нe ja мeрeл свojaтa рaбoтa вo чaсoви. Нeгoвoтo врeмe, Нeгoвoтo срцe, Нeгoвaтa душa и силa билe пoсвeтeни зa дoбрoтo нa чoвeштвoтo. Дoлгитe дeнoви гo исцрпувaлe, a вo тeкoт нa дoлгитe нoќи клeкнувaл дa мoли милoст и издржливoст, зa дa мoжe дa рaбoти уштe пoвeќe… „Христoвaтa љубoв“ – вeли Пaвлe, „нѐ oпфaќa.“ Toa билa движeчкaтa силa нa нeгoвoтo oднeсувaњe; нeгoвaтa силнa пoбудa. (Gospel Workers, p. 292, 293)