1 ноември – Тој ќе биде со нас

„Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали.“ (Исаија 43,2)

И во наше време многу Божји слуги, иако невини, ќе бидат изложени на понижувања и злосторства од страна на оние кои сатаната ги поттикнува и ги исполнува со завист и верски фанатизам. Гневот на луѓето посебно ќе биде насочен против оние што ја празнуваат саботата според четвртата заповед; и на крај, со општ декрет ќе бидат прогласени за виновници кои заслужуваат смрт…

Неговите деца мора да покажат дека му служат само на Бога и дека ништо… не може да ги натера да направат и најмала отстапка пред лажното богослужение. За верното срце, заповедите на грешен, смртен човек стануваат безначајни во споредба со речта на вечниот Бог. Вистината ќе биде почитувана дури и ако последиците бидат затвор, прогонство или смрт. (Пророци и цареви, стр. 512.513. оригинал)

Во сите времиња избраниците на Спасителот биле воспитувани и поучувани во школа на неволји. Тие на земјата оделе по тесна патека. Се исчистиле во печката на неволјите. Заради Исуса поднесувале напади, омраза и клевети. Го следеле него низ жестоки борби; поднесувале самооткажување и преживувале горки разочарувања… Тие многу сакаат, зашто многу им е простено. Бидејќи биле учесници во Христовите маки, сега можат да учествуваат во Неговата слава. (Големата борба, стр. 649.650. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest