1 мај – За што разговараш со Бога?

„Зашто Господовите очи гледаат на праведниците и Неговите уши ги слушаат нивните молитви, а Господовото лице е против оние, кои прават зло.“ (1. Петрово 3,12)

Бог ни зборува преку природата и преку откровението, преку своето провидение и преку влијанието на својот Дух. Но сето тоа не е доволно; неопходно е и ние да го отвориме пред него нашето срце. За духовно да живееме и да имаме духовна сила, мора да одржуваме вистинска врска со нашиот небесен Отец. Нашите мисли можат да се занимаваат со Него; ние можеме да размислуваме за Неговите дела, за доказите на Неговата милост, за Неговите благослови, но сето тоа уште не е во вистинска смисла одржување на врска со Него. За да стапиме во врска со Бога, мора да посакаме да му раскажеме нешто од нашиот личен живот.

Молитвата е отворање на срцето пред Бога како пријател. Не затоа што би било неопходно да му откриеме што сме, туку да се оспособиме себеси да го примиме. Молитвата не го спушта Бога кај нас, туку нас нѐ издигнува кон Него.

Кога бил на земјата, Исус своите ученици ги учел како да се молат. Тој ги упатувал сите свои секојдневни потреби да му ги изнесат на Бога, сите свои грижи да ги стават пред Него. Ветувањето што им го дал ним, дека молитвите ќе им бидат примени, ни го дал и нам.

И сам Исус, додека престојувал меѓу луѓето, често одел на молитва. Нашиот Спасител се изедначил со нас во нашите потреби и слабости и со тоа станал понизен и сесрден молител кој од својот Отец бара нова сила за да може да продолжи понатаму, оспособен и за должноста и за искушението. Тој е наш пример во сѐ. Тој е брат во нашите слабости, „искушан во сѐ, како и ние“; но, како безгрешен, се гнасел од гревот; Тој претрпел душевни борби и страдања во светот полн со грев. Како човек молитвата ја сметал за своја потреба и за свое предимство. Тој во разговорот со својот Отец наоѓал утеха и радост. Значи, ако Спасителот на луѓето, Божјиот Син, чувствувал потреба од молитва, колку повеќе слабите и грешни смртници би морале да бидат свесни за неопходноста од сесрдна, постојана молитва!

Нашиот небесен Отец чека да го излее врз нас изобилството свои благослови. Наше предимство е што можеме обилно да пиеме од изворот на бескрајната љубов. Зар тогаш не е чудо што толку малку се молиме! Бог е готов и страден да чуе искрена молитва од своето најскромно дете, но сепак е очигледно дека ние се притеснуваме да му ги изнесеме нашите потреби. (Патот кон Христа, стр. 93.94. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest