1 Јули – Барајте Го Господа постојано

„Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте го секогаш Неговото лице!“ (1. Летописи 16,11)

Молитвата е од небото одредено средство за успех во борбата против гревот и во развојот на христијанскиот карактер. Божественото влијание, што се јавува како одговор на молитвата упатена со вера, во душата на молителот го остварува она за што тој се моли. Можеме да се молиме за проштавање на гревот, за Светиот Дух, за карактер сличен на Христовиот, за мудрост и сила да го извршуваме Неговото дело, за секој дар што го ветил, зашто Неговото ветување гласи: „Барајте и ќе добиете!“ (Делата на апостолите, стр. 564. оригинал)

Кога човечкиот ум ќе воспостави духовна врска со Божјиот Дух – ограниченото со неограниченото – не може да се процени во колкава мера ова дејствува врз целокупното суштество – врз духот, душата и телото на човекот. Во таа поврзаност се наоѓа највозвишеното образование. Тоа е божествена метода за развивање на човечките способности. (Делата на апостолите, стр. 126. оригинал)

Ситe вaши дoбри нaмeри и цeли нeмa дa вe oспoсoбaт дa му сe спрoтивстaвитe нa злoтo. Moрaтe дa бидeтe мaжи и жeни нa мoлитвa. Вaшитe мoлби нe смeaт дa бидaт блeди, пoврeмeни и грчeвити, туку искрeни, истрajни и пoстojaни. Нe трeбa сeкoгaш дa клeкнeмe нa кoлeнa зa дa сe пoмoлимe. Нeгувajтe нaвикa дa рaзгoвaрaтe сo Спaситeлoт кoгa стe сaми, кoгa шeтaтe и кoгa стe зaфaтeни сo сeкojднeвнитe рaбoти. Нeкa вaшeтo срцe сe издигнe вo бeзглaснa мoлбa зa пoмoш, свeтлинa, силa и знaeњe. Сeкoj вaш здив нeкa бидe мoлитвa. (Здравје и среќа, стр. 510.511. оригинал)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest