„Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил: Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш?“ (Псалм 8,3.4)
Гревот толку го понижил човекот, што тој сам во никој случај не можел да се помири и да се усогласи со Оној чијашто природа е само чистота и добрина. Меѓутоа, Христос, ослободувајќи ги луѓето од законската клетва, можел да им подари божествена сила за да ја здружат со своите човечки напори. Така, со покајание пред Бога и со вера во Христа, паднатите Адамови потомци повторно можеле да станат „Божји деца“. (Патријарси и пророци, стр. 64. оригинал)
Природата сведочи за Бога. Приемчивиот ум, доведен во врска со чудесата и тајните на вселената, не може а да не го препознае делувањето на бесконечната сила. Земјата не ги дава своите добра ниту продолжува да се врти околу Сонцето од година во година благодарение на сопствената енергија. Една невидлива рака ги води планетите во нивното кружење по небото. Таинствениот живот е проткаен во целата природа – живот кој одржува безбројни светови во бесконечноста, кој живее и во најситниот инсект што се лелее на летното ветерче, кој и дава брзина на ластовичката во лет и ги храни младите гаврани кога викаат, кој ја претвора пупката во цвет, а цветот во плод. (Воспитување, стр. 99. оригинал)
Во миговите што сите ги доживуваат, кога срцето ќе изнемошти, а искушението болно тлее;… каде тогаш би можело да се пронајде повеќе храброст и цврстина отколку во пораката што Бог ни наредил да ја научиме од ѕвездите и нивното постојано движење? (Воспитување, стр. 115. оригинал)
