1 август – Признавајте си ги гревовите еден на друг

„И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.“ (Јаков 5,16)

Ако сте го навредиле пријателот или соседот, признајте ја вашата грешка, а тој е должен со задоволство да ви прости. Потоа барајте проштевање од Бога, бидејќи братот што сте го навредиле е Божја сопственост, а ако сте го навредиле сте згрешиле против неговиот Создател и Откупител. Случајот воопшто не треба да се изнесува пред свештеник, туку пред единствениот вистински посредник, нашиот голем Првосвештеник, кој бил искушан во сѐ, како и ние, но не направил грев, и кој ја познава нашата слабост и може да нѐ очисти од секоја нечистотија на беззаконието…

Вистинското признание секогаш е со одреден вид и секогаш се однесува на секој грев посебно. Тие можат да бидат такви, што треба да се изнесат само пред Бога; а можe да бидe неправда која треба да се признае на поединците кои страдале заради неа; или можат да бидат општи, а таквите треба да се изнесат пред црквата. Меѓутоа, ваквото признание треба да биде одредено и да се исповедаат токму оние гревови што се направени…

Бог не го прифаќа исповедањето ако не е проследено со каење и преобразување. Животот мора да се промени од темел; мора да се отфрли сѐ што го навредува Бога. Тоа е последица на вистинското жалење заради гревот. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 639.640. оригинал)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest