„Жртвата на нечесниот Му е омразена на Господа, а мила Му е молитвата на праведните.“ (Пословици 15,8)
Секоја душа има предимство во молитва да ги изложи на Господа своите лични потреби и благодарност за благословите што секојдневно ги прима. Меѓутоа, долгите молитви кои без дух и вера се упатуваат на Бога претставуваат за Него товар наместо радост. Пред сè, потребно ни е толку многу, чисто и обратено срце! Нашата вера мора да се засили. Спасителот ветил: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7,7). Да се трудиме и да учиме секогаш да имаме доверба во овие зборови и во сите свои постапки да ја внесуваме Христовата светлина и благодат. Мораме цврсто да се држиме за Христа сè додека не се осведочиме дека во нас делува силата на Неговата преобразувачка благодат. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 279. оригинал)
Бог сака Неговите деца да го бараат тоа што ќе му овозможи Нему преку нивниот живот да ја открие својата благодат на светот. Тој сака тие да го бараат Неговиот совет, да ја признаат Неговата сила… Добро е да бидеме свесни за своите слабости, зашто во тој случајќе бараме сила и мудрост кои Таткото со задоволство ни ги дава како на свои деца за да победиме во секојдневната борба против силите на злото. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 284. оригинал)
