7 јуни – Долг живот им е ветен на послушните

„И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.“ (1. Цареви 3,14)

Кршејќи ги природните закони со тоа што попуштаат на својот изопачен апетит и телесни желби, мажите и жените во исто време го престапуваат и Божјиот закон. За да сфатиме колкав грев е да се престапуваат законите кои Тој ги поставил во нашето битие, Господ ни дал светлина за здравствената реформа. Сите наши радости или страдања произлегуваат од послушноста или пак непослушноста кон законите на природата. Нашиот милостив небесен Татко ја гледа сета длабочина на несреќата во која живеат луѓето, некои свесно, а повеќето несвесно, престапувајќи ги законите кои самиот Тој ги воспоставил. И во својата љубов и сомилост кон човечкиот род Тој ни дава светлина за здравствената реформа. Тој го објавил својот закон, но и казната која неминовно го следи престапувањето на истиот, за да можат сите да живеат во склад со законите на природата….

Незнаењето повеќе не претставува изговор за кршење на законот. Светлината денес јасно блеска и никој не мора да остане во незнаење, бидејќи сам Бог му дава упатства на човекот. Сите до кои допрела светлината се врзани со најсвета обврска пред Бога да обрнат внимание на здравата филозофија и вистинското искуство кое Тој сега им го дава во поглед на здравствената реформа. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 161.162. оригинал)

Каков Бог е нашиот Бог! Тој владее со своето царство со ревност и грижа; и изградил ограда, десетте заповеди, околу своите поданици, за да ги заштити од последиците на престапот. Барајќи послушност кон законите на Неговото царство, Бог му дарува на својот народ здравје и среќа, мир и радост. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 454)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest