7 август – Животот ми се троши во жалост

„Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа.“ (Псалм 31,10)

Исус ги пoзнaвa oкoлнoститe нa сeкoja душa. Кoлку e пoгoлeмa винaтa нa грeшникoт, тoлку e пoгoлeмa и нeгoвaтa пoтрeбa oд Спaситeлoт. Нeгoвoтo срцe испoлнeтo сo Бoжjaтa љубoв и сoчувствo e нajсилнo привлeчeнo кoн oниe, кoи сe рeчиси бeз нaдeж, фaтeни вo стaпицaтa нa нeприjaтeлoт. Toj сo свojaтa сoпствeнa крв гo пoтпишaл дoкумeнтoт зa oслoбoдувaњe нa чoвeчкиoт рoд. (Здравје и среќа, стр. 89.90. оригинал)

Кога бегал од домот на својот татко, откако згрешил, измамувајќи го Исава, Јаков бил оптоварен со чувство на вина. Осамен и во прогонство, одвоен од сѐ што на неговиот живот му давало полнина, неговата душа повеќе од сѐ ја мачела мисла, страв неговиот грев да не го одвоил од Бога, да не го отфрлило Небото. Скршен од жалост, легнал на гола земја да се одмори, опкружен со осамени ритчиња и со ѕвездено небо над себе. Додека спиел, го обзела чудна светлина и тој видел како од полјанката на која лежел се издигнуваат нејасни контури на бескрајна скала кон небото сѐ до небесната врата, скала полна со Божји ангели кои се качувале и слегувале, а од славните височини слушал божествен глас кој му објавувал вест на утеха и надеж. Така Јаков го запознал Оној што ќе ги задоволи потребите и копнежите на неговата душа ­ Спасителот. Исполнет со радост и благодарност, го гледал покажаниот пат на кој тој, грешник, може да има заедница со Бога. Таинствената скала од неговиот сон го претставувала Исуса, единствениот посредник меѓу Бога и луѓето…

О, да размислуваме за чудесната жртва што била принесена за нас! Да се обидеме да ги процениме трудот и енергијата што ги вложува Небото за повторно да ги задобие загубените и да ги врати во домот на Отецот. (Патот кон Христа, стр. 19-21. оригинал)

19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости
12 август - Испитај ме и познај го срцето мое
11 август - Светиот Дух осведочува
10 август - Ги знам моите престапи

Pin It on Pinterest