6 октомври – Фрли го својот леб во водата

„Фрли го својот леб во водата, и ќе го најдеш после многу време.“ (Проповедник 11,1)

Никој не може да живее според Божјиот закон ако не им служи на другите. Меѓутоа, има многу такви кои не живеат со милосрден, несебичен Христов живот… Тие размислуваат и проучуваат како да си угодат себеси. Времето има вредност за нив само ако можат да собираат за себе. Во сите животни настани ова е нивна цел. Тие не им служат на другите, туку само себеси. Бог ги создал да живеат во свет во кој мора да се покаже несебична служба. Тој одредил на секој можен начин да им помагаат на своите ближни. Меѓутоа, нивното „јас“ е толку големо, што не можат да видат ништо друго. Не се поврзани со човеш­ твото. Тие, кои живеат така само за себе, се слични на смоквата што имала убав надворешен изглед, но немала плод… Во проклетството изречено над смоквата, Христос покажал колку е одвратно во Неговите очи ова напразно претворање. Тој изјавува дека оној што греши јавно е помалку виновен од оној што му служи на Бога по име, а не раѓа никаков плод на Негова слава. (Копнежот на вековите, стр. 584. оригинал)

„Јас сум им должник“, изјавува Павле, „и на Грците и на варварите и на мудрите и на неразумните“ (Римјаните 1,14). Тоа важи и за нас. Сѐ со што во животот сме благословени повеќе од другите, од нас прави должници на секое човечко суштество на кое можеме да му направиме добрина.

Овие вистини не важат повеќе дома отколку во претпријатието. Добрата со кои управуваме не се наши; секогаш е ризично да се загуби од вид овој факт. Ние сме само повереници, и од исполнувањето на нашата обврска кон Бога и кон луѓето зависи и благосостојбата на нашите ближни и нашата сопствена судбина и во овој и во животот што ќе дојде. (Воспитување, стр. 139. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest