6 Март – Бог ја услишува мојата молитва

„Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна.“ (Јован 16,24)

Молете се, верувајте, радувајте се. Пејте песни на благодарност на Бога, затоа што Тој ги услишил вашите молитви. Држете го Него за Неговиот збор, „зашто е верен Оној, Кој ветил“ (Евреите 10,23). Ниту една искрена молитва не е залудна. Каналот е отворен; реката се излева. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 274. оригинал)

Господ веќе долго чека на срцето да му ја подари најголемата, најискрената радост. Сите оние кои гледаат во Него со неподелено срце, Тој обилно ќе ги благослови. Оние што гледаат во Него на тој начин, стекнуваат појасно сфаќање за Исуса како за Оној кој ги понел нивните гревови и кој е нивна потполна и доволна жртва. Сокриени во пукнатината на Карпата, Го набљудуваат Јагнето Божјо кое ги зело врз себе гревовите на светот. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 369)

Даровите на Оној кој ја има сета власт на небото и на земјата, подготвени се за Неговите деца. Толку драгоцени дарови, што до нив можеме да дојдеме само благодарение на скапоцената жртва на крвта на Откупителот, дарови кои ќе ги задоволат сите најдлабоки копнежи на срцето, дарови трајни како вечноста – сето тоа ќе го прими и во тоа ќе ужива секој оној што ќе излезе пред Бога како мало дете. Прифатете ги Божјите ветувања, изнесете ги пред Исуса како зборови што Тој лично ги изговорил и вашата радост ќе биде целосна! (Мисли од гората на блаженствата, стр. 133. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest