5 мај – Телесното мудрување е непријателство против Бога

„Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може. Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога.“ (Римјаните 8,7.8)

При создавањето на човекот му биле подарени благородни способности и добро урамнотежен ум. Бил совршен како суштество и во совршена хармонија со Бога. Неговите мисли биле чисти, неговите цели свети. Но непослушноста ги изопачила неговите способности и наместо љубовта се појавила себичност. Престапот во толкава мера ја ослабел неговата природа, што со своја сила воопшто не можел повеќе да ѝ се спротивстави на силата на злото. Станал роб на сатаната и засекогаш би останал тоа кога не би се вмешал сам Бог. Искушувачот имал намера да го осуети планот со кој Бог го создал човекот и земјата да ја исполни со тага и очај. Сите тие зла сакал да ги претстави како последица на Божјето дело на создавањето на човекот.

Во својата безгрешна состојба, човекот одржувал радосна врска со Оној во кого „се скриени сите богатства на мудроста и на знаењето“ (Колосјаните 2,3). Но, откако паднал во грев, светоста не му создавала веќе радост, и тој се обидел да се скрие од Божјето присуство. Непрероденото срце и сега се наоѓа во таква состојба. Тоа не е во хармонија со Бога, ниту пак наоѓа радост во заедницата со него. Грешникот не би можел да биде среќен во Божје присуство; нему друштвото на светите суштества би му било непријатно. И кога би му било дозволено да дојде на небото, тој таму не би чувствувал никаква радост. Духот на несебична љубов што владее таму ­ секое срце е соединето со срцето на бесконечната Љубов ­ не би нашол одглас во неговата душа. Неговите мисли, неговите интереси, неговите побуди ­ сѐ би било во расчекор со она што ги движи безгрешните небесни жители. Тој би бил нехармонична нота во небесната мелодија. (Патот кон Христа, стр. 17.18. оригинал)

7 јуни - Долг живот им е ветен на послушните
6 јуни - Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога
5 јуни - Патот на послушноста е милост и вистина
4 јуни - Послушноста е неопходна за влез во Небото
3 јуни - Новораѓањето, дело на Светиот Дух
2 јуни - Повторно се раѓаме преку Божјиот збор
1 јуни - Се преобразуваме во Неговиот лик
31 мај - Бог казнува помалку отколку што заслужуваме
30 мај - Верен е Оној Кој нè повикал
29 мај - Бог Го возвисил

Pin It on Pinterest