„Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение!“ (Јаков 1,2.3)
Сите оние кои секојдневно се посветуваат на Бога, ја покажуваат светлата и ведра страна на нашата вера. Не треба да го обесчестуваме Бога со тажно прераскажување на неволјите кои ни изгледаат мачни и тешки. Сите искушенија кои ги примаме како воспитно средство ќе ни донесат радост. Целиот верски живот ќе биде воздигнувачки, облагородувачки, мирис на добри зборови и дела. Непријателот е задоволен кога душите се потиштени, скршени и тажни и кога воздивнуваат. Тој сака токму таков впечаток да се стекне за нашата вера. Но Божја намера не е нашиот дух да се спушта толку ниско. Тој сака секоја душа да ликува во силата на Откупителот која нè одржува. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 365. оригинал)
Испитувањето на верата е подрагоцено од злато. Сите мораат да знаат дека тоа е дел од воспитувањето во Христовата школа и е важен за чистење и ќе ги исчисти од троскотот на овој свет. Тие ќе мораат храбро да ги поднесуваат нападите на напријателот и да ги совладаат сите препреки кои сатаната ќе ги постави на патот на нивниот напредок. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 578. оригинал)
„Блажен е оној кој ја прима Твојата дисциплина и Твојата поука, што го учиш спокојно да чека во неволја, сè додека не се ископа јама за безбожните!“ (Псалм 94,12.13; според преводот на Мофат)
