4 април – Достојни за страдање

„Тогаш го послушаа, и ги повикаа апостолите и ги изнатепаа и им забранија да зборуваат за Исусовото име, и ги пуштија. Тие пак си отидоа од Синедрионот со радост, зашто беа удостоени да претрпат понижување за Исусовото име.“ (Дела 5,40.41)

Кога луѓето настојуваат да дојдат во согласност со Бога, согледуваат дека маките на крстот сѐ уште не престанале. „Управителите на темнината, поднебесните духови на злобата“ построени се против сите оние што му се покоруваат на небесниот закон. Затоа наместо да предизвикуваат жалост, прогонствата треба да им донесат радост на Христовите ученици, бидејќи тоа за нив претставува најдобар доказ дека одат по стапките на својот Учител…

Сатаната во сите времиња ги прогонувал припадниците на Божјиот народ. Ги мачел и ги убивал, но тие и умирајќи победувале. Со цврстината на својата вера го откривале Оној кој е посилен од сатаната. Сатаната можел да го мачи и убие телото, но никако не можел да допре до животот кој со Христа бил скриен во Бога. Можел да ги фрли во затвор, но не можел да го врзе духот. Сепак, тие гледале кон славата што ќе настапи по темнината и говореле: „Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас“. „Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата“ (Римјаните 8,18; 2. Коринтјаните 4,17) (Мисли од гората на блаженствата, стр. 29.30. оригинал)

5 април - Искушението гради трпение
4 април - Достојни за страдање
3 април - Поради мојата љубов кон Неговата црква
2 април - Зашто Тој ќе ме зајакне
1 април - Божјата благодат е доволна во прогонство
31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан

Pin It on Pinterest