31 март – Господовото доаѓање е моја надеж

„Очекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине.“ (Пословици 10,28)

Христовото доаѓање во сите векови било блажена надеж за Неговите верни ученици. Ветувањето што го дал Спасителот при разделбата на Маслинската гора дека пак ќе дојде, на учениците им ја расветлувало иднината, нивните срца ги исполнувало со радост и надеж што никаква жалост не можела да ги потисне ниту прогонство да ги затемни. Среде страдањата и прогонствата, „појавувањето на славата на великиот Бог, нашиот Спасител, Исус Христос“, била „блажена надеж“. (Големата борба, стр. 302. оригинал)

Почнувајќи од денот кога нашите први родители со жално срце го напуштиле Едем, децата на верата го чекале доаѓањето на Ветениот кој ќе ја скрши силата на непријателот и пак ќе ги врати во загубениот рај. (Големата борба, стр. 299. оригинал)

Да се живее вечно во тој дом на блажените, на својата душа, тело и дух да не се носи никаква темна трага од грев или проклетство, туку совршениот лик на Создателот, и во текот на бескрајните векови да се напредува во мудроста, во знаењето, во светоста, секогаш истражувајќи нови подрачја на мислата, секогаш пронаоѓајќи нови чуда и нови убавини, постојано зголемувајќи ги своите способности да дознаваме, да уживаме и да сакаме, знаејќи дека зад сето тоа има уште радост, љубов и бескрајна мудрост – тоа е целта на која укажува христијанската надеж. (Counsels to Parents, Teachers and Students, p. 55)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest