„Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство!“ (Псалм 16,6)
Зар во вашето искуство немало и некои светли точки? Зар не сте доживеале некои драгоцени мигови кога вашето срце треперело од радост, оѕвивајќи се на тој начин на Божјиот Дух? Кога повторно ќе погледнете на поглавјата на вашето животно искуство, зар не наидувате и на некои угодни страници? Зар по должината на вашиот пат не растат на секој чекор Божји ветувања слични на миризливо цвеќе? Зар нема да дозволите нивната убавина и милина да го исполнат вашето срце со радост? (Патот кон Христа, стр. 117. оригинал)
Патот може да биде нерамен и патеката што води горе стрмна; можеби ќе има стапици и од десната и од левата страна; можеби на овој пат ќе мораме да поднесуваме тешки напори; кога ќе се измориме и копнееме по одмор, можеби ќе мораме со напор да одиме понатаму; кога ќе ја изгубиме силата, можеби ќе мораме да се бориме; кога сме обесхрабрени ќе мора и понатаму да се надеваме; но со Христа, како свој Водач, сепак конечно ќе стигнеме во саканото пристаниште. Лично Христос пред нас поминал по тој мачен пат и ја израмнил патеката за нашите стапала. Долж целиот тој стрмен пат кој води во вечен живот се наоѓаат извори на радост за да го освежат уморниот. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 140. оригинал)
„Ти си она што го добивам од животот, О Ти Вечен, Ти Самиот си мојот дел; убави изгледи ми се доделени, блажено наследство е мое.“ (Псалм 16,5.6; според преводот на Мофат)
