3 април – Поради мојата љубов кон Неговата црква

„Сега се радувам во своите страдања за вас – и во моето тело го дополнувам тоа што им недостига на Христовите маки, за Неговото Тело, Кое е Црквата.“ (Колосјаните 1,24)

Апостолите не се грижеле многу за својот живот, радувајќи се што се удостоиле да поднесат срам поради Христа. Павле и Сила поднеле загуба на сè што имале. Биле сурово камшикувани и на најнемилосрден начин фрлени во влажна ќелија на дното на затворот, додека нозете во толку мачна положба им биле стегнати во направи за мачење. А дали поради тоа до ушите на чуварот допрел барем еден глас на нивно незадоволство или поплака? О, не? Низ тишината на ноќта од ќелијата се слушале само песни на радост и благодарност на Бога. Длабоката и сесрдна љубов на овие ученици според делото на својот Откупител им давала сила да страдаат поради тоа.

Доколку Божјата вистина го исполнува нашето срце, ги обзема нашите чувства и го контролира нашиот живот, и ние ќе се радуваме да страдаме и трпиме поради вистината. Ниту ѕидовите на затворот, ниту направите за мачење нема да можат да нè заплашат ниту да нè спречат во нашата голема задача. (Сведошта за црквата, вол. 3, стр. 406. оригинал)

„Забележете го сето ова и радувајте се, вие напуштени луѓе, охрабрете се, вие поклоници на Бога; Вечниот го слуша животот во неволја, Тој никогаш не ги заборава Своите во затвор.“ (Псалм 69,22.23; според преводот на Мофат)

3 април - Поради мојата љубов кон Неговата црква
2 април - Зашто Тој ќе ме зајакне
1 април - Божјата благодат е доволна во прогонство
31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени

Pin It on Pinterest