3 март – Надевајте се во Господа

„Блажен е оној народ, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!“ (Псалм 144,15)

На светот не треба никогаш да му оставиме лажен впечаток дека христијаните се стушени, несреќни луѓе. Ако нашите очи се насочени кон Исуса, ќе го видиме сочувствителниот Откупител и ќе нè осветли светлината на Неговата појава. Секаде каде што е присутен Неговиот Дух, тука владее мир. Тука има и радост, зашто постои блага, света доверба во Бога. (Копнежот на вековите, стр. 152. оригинал)

„Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч.” (Второзаконие 33,29)

Бог сакал преку Израел да го открие својот карактер и со тоа да ги привлече луѓето кон себе… Слично на Рава Хананката или Рута Моавката, сите што ќе го напуштат идолопоклонството и ќе прифатат да го обожаваат вистинскиот Бог, требало да се придружат кон Неговиот избран народ. И кога бројот на Израелците ќе се умножи, тие требало да ги шират своите граници сѐ додека нивното царство не го опфати цел свет.

Бог сакал сите народи да ги доведе под својата милосрдна управа. Тој имал желба земјата да биде полна со радост и мир; човекот го создал да биде среќен и затоа сака човечкото срце да го исполни со небесен мир; Негова желба е човечките семејства на земјата да бидат симболи на големото семејство на небото. (Христови параболи, стр. 290. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest