29 јуни – Плодовите на Духот

„А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта.“ (Галатјаните 5,22.23)

Овој плод никогаш нема да пропадне туку, според својот вид, ќе донесе жетва за вечен живот… Христос со длабок копнеж очекува да се покаже во својата црква. Кога Неговиот карактер совршено ќе се обнови кај Неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги земе како свои.

Предност на секој христијанин е не само да го очекува, туку и да го забрза доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос (2. Петрово 3,12). Ако сите што го носат Неговото име би носеле и плод на Негова слава, колку бргу цел свет би бил засеан со семето на евангелието! Бргу ќе узрее последната голема жетва и Христос ќе дојде да ја собере скапоцената пченица. (Христови параболи, стр. 69. оригинал)

Срцето во кое владее Божјата љубов нема да биде исполнето со страст и одмаздољубивост доколку му се нанесат навреди кои гордоста и самољубието би ги сметале како неподносливи. Љубовта не се сомнева. Таа секогаш на најдобар начин ги толкува побудите и постапките на другите. Љубовта никогаш нема без потреба да укажува на грешките на другите. Таа не ги слуша желно клеветите, туку секогаш настојува да потсети на некои добри особини на клеветениот… Родовите на Духот се љубов, радост и мир. Неслогата и раздорот се дело на сатаната и родови на гревот. Ако, како народ, сакаме да уживаме мир и љубов, мораме да се откажеме од своите гревови, да се помириме со Бога и да живееме во мир еден со друг. Секој нека се запраша: Ја имам ли благодатта на љубовта? Дали научив да бидам трпелив и благ? (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 169. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest