26 јуни – Ќе бидеме ново создание

„И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.“(2. Коринтјаните 5,17)

Кога умот размислува за Христа, карактерот се обликува според божествената сличност. Мислите се исполнети со чувство на Неговата добрина и Неговата љубов. Размислуваме за Неговиот карактер и така Тој е во сите наши мисли. Неговата љубов нè опкружува. Ако дури и за момент погледнеме во славата на пладневното сонце, кога ќе ги тргнеме очите, ликот на сонцето ќе се појави на сè што гледаме.

Така е и кога го гледаме Исуса; сè што гледаме ја одразува сликата на Сонцето на Правдата. Не можеме да видиме ништо друго, ниту да зборуваме за нешто друго. Неговата слика е врежана во окото на душата и влијае на секој дел од нашиот секојдневен живот, омекнувајќи ја и преобразувајќи ја целата наша природа. Гледајќи Го, ние се преобразуваме по божествениот лик, токму по сличноста на Христа. На сите со кои се среќаваме, им ги одразуваме светлите и радосни зраци на Неговата праведност. Карактерот ни се преобразил; зашто срцето, душата и умот се осветлени од одразот на Оној кој нè возљуби и Себе си се даде за нас. Тука повторно се јавува реалноста на едно лично, живо влијание кое живее во нашите срца преку верата.

Кога Неговите зборови на поука се примени и нè исполниле, Исус станува за нас постојано присуство, управувајќи ги нашите мисли, идеи и постапки. Исполнети сме со поуките на најголемиот Учител што светот некогаш го познавал. Чувството на човечка одговорност и човечко влијание им дава карактер на нашите гледишта за животот и на секојдневните должности. Исус Христос ни е сè – прв, последен и најдобар во сè. (Порака до младите, стр. 160.161. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest