26 август – Не со крв од животни, туку со Својата крв

„Ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.“ (Евреите 9,12)

Како Христос по вознесувањето што се појавил пред Бога за да ја понуди својата крв како откуп за оние што се покајале, така и свештеникот во секојдневната служба со крвта на жртвата ја прскал светињата за грешникот да добие проштавање…

Во големиот суден ден, мртвите ќе станат да примат плата „како што е напишано во книгите, според нивните дела“ (Откровение 20,12). Тогаш, благодарение на заслугите на Христовата пролеана крв, гревовите на вистинските покајници ќе бидат избришани од небесните книги. Така светињата ќе биде ослободена и очистена од гревот. Во земната служба тоа големо дело на измирување или на бришење на гревот било симболично претставено со обредите вршени на денот на помирување со чистењето на земната светиња на тој начин што гревовите, кои ја сквернавеле, конечно биле отстранети со помош на крвта на жртвата принесена за гревот… Така со службата вршена во светињата, а подоцна во храмот, народот секој ден бил поучуван на големите вистини во врска со Христовата смрт и со Неговата служба; а еднаш годишно мислите им биле упатувани на завршните настани во големата борба меѓу Христа и сатаната на конечното чистење на вселената од гревот и грешниците. (Патријарси и пророци, стр. 357.358. оригинал)

Христовата смрт за човековото спасение не само што го сторила небото достапно за човекот, туку пред целата вселена го оправдала карактерот на Бога и на Неговиот Син во нивната постапка со бунтот што го предизвикал сатаната. Таа го потврдила вечното постоење и непроменливоста на Божјиот закон и ја открила природата на гревот и неговите последици. (Патријарси и пророци, стр. 69. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest