24 јуни – Откако ќе победите, да се одржите

„Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!“ (Ефесјаните 6,13)

Оние кои застануваат во одбрана на Божјата чест и кои по секоја цена се борат за чистота на вистината, ќе бидат изложени на безбројни неволји како што бил изложен и нашиот Спасител во пустината на искушението. Додека оние кои попуштајќи му на својот темперамент, кои немаат храброст да го осудат злото туку молчат и тогаш кога со своето влијание требало да застанат во одбрана на правдата и против секој притисок, можат да избегнат многу душевни страдања и непријатности, но затоа ќе загубат многу богата награда, ако не и сопствената душа. Оние кои настојуваат да му угодат на Бога и со вера во Него добиваат сила да се спротивстават на злото и да ја бранат правдата, секогаш ќе бидат изложени на остри судири и често ќе остануваат потполно осамени. Но, потпирајќи се цврсто на Бога, тие можат да извојуваат драгоцени победи. Неговата благодат ќе биде нивна сила. Нивната морална чувствителност ќе биде секогаш остра и јасна, а нивните морални сили ќе бидат во состојба да се спротивстават на секое лошо влијание. Нивната правичност, слична на Мојсеевата, ќе биде од најчист карактер. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 302.303. оригинал)

Мораме да се пробудиме од духовната затапеност која се заканува да нè уништи, ако не ѝ се спротивставиме. Сатаната се бори со сите сили да загосподари со човечкиот ум… Никој не може да остане неутрален. Мораме одлучно да се определиме за доброто или за злото… Многумина кои тврдат дека веруваат во вистината се потполно слепи за опасностите кои им се закануваат. Беззаконието кое го негуваат во своето срце тие практично го манифестираат во животот. Оние кои се наклонети на таквите, бидејќи не можат да ги читаат нивните срца, често мислат дека тие во потполност исправни. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 328.329. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest