23 јули – Ќе истраеме во молитвата

„А ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ (Дела 6,4)

Молете се како никогаш досега, за да не бидете заведени од сатанските измами и да не ве зафати безгрижен, невнимателен и суетен дух, и исполнувајте ги верските должности за да имате мирна совест. Христијаните ниту во еден век не смееле да одат по задоволства, а уште повеќе денес, кога наскоро ќе се заврши историјата на оваа земја.

Мора цврсто да ги поставите темелите на надежта за вечен живот. Доброто на вашата душа и вечната среќа зависат од тоа дали своите темели ќе ги изградите врз Христа. Додека другите копнеат по земски уживања, вие треба да копнеете по непобитното ветување за Божјата љубов, молејќи се сесрдно и искрено: Кој ќе ме научи како да го утврдам својот повик и избор? (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 144.145. оригинал)

Сатанска темнина ги обвива оние што ја занемаруваат молитвата. Непријателот со шепот ги искушава наведувајќи ги на грев само затоа што не се служат со предимството што им го дал Бог со божествената установа на молитвата. Зошто Божјите синови и ќерки би се колебале да се молат кога молитвата е клуч во рацете на верата кој ги отвора небесните ризници во кои се чуваат неизмерни резерви на Семожниот? Ако не се молиме непрестајно и ако не бдееме, ќе се изложиме на опасност да станеме немарни и да скршнеме од вистинскиот пат. Противникот постојано се труди да ни го препречи патот кон престолот на милоста за да не добиеме со сесрдна молитва и со вера милост да му се спротивставиме на искушението. (Патот кон Христа, стр. 94.95. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest