22 јули – Размислувајте за делата на Неговите раце

„Си спомнувам за минатите дни, размислувам за сите Твои дела; размислувам за делата на Твоите раце.“ (Псалм 143,5)

Божјата милост ве опкружува секој момент; и би било од корист за вас да размислите како и од каде ви доаѓаат секојдневните благослови. Скапоцените благослови од Бога нека разбудат благодарност во вас. Не сте во можност да ги изброите Божјите благослови, постојаната љубезност што ви се покажува, зашто тие се бројни како освежувачките капки дожд.

Облаци на милост се надвиснати над вас и се подготвени да се излеат врз вас. Ако го цените скапоцениот дар на спасението, ќе бидете свесни за секојдневното освежување, за Исусовата заштита и љубов; ќе бидете водени по патот на мирот.

Набљудувајте ги славните Божји дела во природата, и нека од вашите срца се излее благодарност кон Дарителот. Во книгата на природата умот наоѓа корисни поуки. Не бидете неблагодарни и невнимателни. Отворете ги очите на својот разум; видете ја прекрасната хармонија во Божјите закони во природата, и восхитувајте се, и почитувајте Го својот Творец, врховниот Владетел на небото и земјата. (Порака до младите, стр. 409. оригинал)

Кога младите би ги проучувале славните Божји дела во природата и Неговото величие и сила откриени во Неговото Слово, би излегле од секое такво размислување со изострени и возвишени способности. Би добиле сила што нема ништо заедничко со гордоста. Преку размислување за чудата на божествената сила, умот ќе ја научи најтешката, но најкорисна лекција – дека човечката мудрост, освен ако не е поврзана со Бесконечниот и осветена со Христовата благодат, е глупост. (Порака до младите, стр. 253 оригинал)

Ако верно ја проучуваме книгата на природата, ќе откриеме дека таа е плоден извор за размислување за бесконечната љубов и сила Божја. (Порака до младите, стр. 365. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest