„Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи. Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице?“ (Псалм 42,1.2)
Срцето кое еднаш ја почувствувало Христовата љубов, постојано ќе копнее уште подлабоко да ја запознава; и додека Неговата љубов ја делите со другите, вие ќе ја примате сѐ побогато и поизобилно. Секое откривање на Бога, на душата ѝ дава поголема способност да прима знаење и да љуби. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 20. оригинал)
Христовиот повик упатен до жедната душа и денеска се разнесува допирајќи до нас со уште поголема сила од онаа со која се чул во храмот во последниот ден на празникот. Изворот е отворен за сите. На уморните и папсани души им се нуди освежувачка вода на вечен живот. (Копнежот на вековите. стр. 454. оригинал)
Најголемите победи за Божјото дело не се резултат на длабоки расправи, големи можности, широки влијанија или изобилство на средства; тие се добиваат во Божјата приемна сала, кога со сериозна, очајна вера луѓето се фаќаат за силната и моќна Божја рака.
Колку силни можат да бидат вистинската вера и вистинската молитва! Тие се како две раце преку кои човекот што моли се фаќа за силата на Бесконечната Љубов. Верата е доверба во Бога – верување дека Тој нè љуби и дека знае што е најдобро за нас. Така, наместо да го избереме нашиот пат, таа нè води да го избереме Неговиот. Наместо нашето незнаење, ја прифаќа Неговата мудрост; наместо нашата слабост, Неговата сила; наместо нашата грешност, Неговата праведност. Нашиот живот, самите ние, веќе сме Негови; верата го признава Неговото сопствеништво и го прифаќа Неговиот благослов. Вистината, чесноста и чистотата се посочени како тајни на животниот успех. Верата е токму таа што ни го обезбедува сето тоа. (Gospel workers, p. 259)