21 декември – Дрвото и реката на животот се во градот

„И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето. Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.“ (Откровение 22,1.2)

Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина. Таму небесниот Пастир своето стадо го води на извори на жива вода. Дрвото на животот носи плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуберкаат, бистри како кристал, на чиишто брегови се лелеат дрвја кои со своите сенки ги постилаат патеките што им ги приготвил Господ на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни брекчиња зад кои Божјите гори ги издигнуваат своите величествени врвови. На тие тивки полјани, покрај тие живи потоци, Божјиот народ, кој бил толку долго патник и поклоник, ќе најде своја татковина. (Големата борба, стр. 675. оригинал)

Јас ја видов откупената војска како се поклонува положувајќи ги своите блескави круни пред нозете Исусови, и тогаш како што Неговата прекрасна рака ги подигна нив, тие ги допреа своите златни харфи и го исполнија целото небо со богата музика и песни за Јагнето.

Тогаш јас видов како Исус го води својот народ до дрвото на животот и повторно го слушнавме Неговиот глас побогат од која и да музика која некогаш била слушната од смртно уво, велејќи: „Лисјата на ова дрво се за исцелување на народите. Јадете сите од него.“

На дрвото на животот се наоѓаа најубавите плодови, од кои што светиите можеа слободно да јадат. Во градот се наоѓа и величествениот престол, од кого излегуваше бистра река на водата на животот, чиста како кристал. На двете страни од оваа река се наоѓаше дрвото на животот, и на бреговите на реката имаше други прекрасни дрвја носејќи плод кој беше добар за јадење. (Рани списи, стр. 289. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest