20 јули – Ноќе го спомнувам Твоето име

„Твоите повелби ми се песна, во земјата низ која патувам. Ноќе си спомнувам, Господи, за Твоето име, и го чувам Твојот Закон.“ (Псалм 119, 54.55)

Божјите весници мора долго да останат во заедништво со Него, ако сакаат да бидат успешни во својата работа. Се раскажува за една стара жена од Ланкашир, која ги слушала причините што нејзините соседи ги наведувале за успехот на нивниот проповедник. Говореле за неговите дарби, за начинот на говорење, за неговите манири. „Не,“ рекла старата жена, „јас ќе ви кажам зошто е тоа така. Вашиот човек е многу близок со Севишниот.“

Кога луѓето ќе бидат посветени како Илија и ќе ја имаат верата што ја имал тој, Бог ќе се открие како што се откривал тогаш. Кога луѓето ќе се молат на Господа како Јаков, резултатите што се виделе тогаш, ќе се видат повторно. Силата ќе дојде од Бога како одговор на молитвата со вера…

Спасителот ја сакал осаменоста на планината за да биде во заедништво со својот Татко. Преку дено трудољубиво работел за да ги спаси луѓето од уништување. Ги лекувал болните, ги тешел нажалените, ги повикувал мртвите во живот, и им давал надеж и утеха на обесхрабрените. Откако ќе ја завршел својата дневна работа, секоја вечер се повлекувал од метежот на градот и се молел на својот Татко. Често продолжувал со молитвата цела ноќ; но од тие моменти на заедништво се враќал освежен и засилен, подготвен и за должностите и за искушенијата. (Gospel Workers, p. 255. 256)

Слабиот, грешен човек ја има предноста да разговара со својот Творец. Ние можеме да изговориме зборови што допираат до престолот на Владетелот на вселената. Можеме да разговараме со Исуса додека одиме по патот, а Тој ни вели: „Јас сум од твојата десна страна.“ (Gospel Workers, p. 258)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest