2 септември – Мало Небо на Земјата

„(Божјата благодат)…која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век.“ (Тит 2,12)

За да одиме во светлина, мораме да го пуштиме Христа во своето срце и во својот дом. Домот треба да се направи токму она што се означува со тој збор. Тоа треба да биде мало небо на земјата, место каде што љубовта и наклонетоста треба да се негуваат, а не намерно да се задушуваат. Од тоа колку негуваме во семејството љубов, сочувство и взаемна наклонетост, зависи нашата среќа. Причината што во денешниот свет мажите и жените се со толку тврди срца и што се толку бесчувствителни е во тоа што вистинската љубов и чувствителност се сметаат за слабост, па систематски се потиснуваат и се задушуваат. Подобар дел од природата на таквите личности се изопачува и се задушува уште во детството, и доколку зраците на божествената светлина не ја стопат нивната бесчувствителност и нивната студена себичност, нивната среќа е погребана засекогаш. За да имаме нежност во срцето, каква што манифестирал Исус додека живеел на Земјата, и посветено сочувство, какво што имаат ангелите кон грешните смртници, мораме да негуваме чувствителност во детството, која сама по себе е толку едноставна. Тоа ќе ни помогне да се издигнеме, облагородиме и раководиме според небесните начела.

Интелектуалниот развој претставува големо богатство; но без ублажувачкото влијание на сочувството и посветената љубов, тоа нема нејголема вредност. Нежно сочувство и внимание кон другите треба да манифестираме и со зборови и на дела. Илјадници ситни вниманија кон другите можеме да изразиме со пријателски збор и пријатен поглед, што ќе ни биде возвратено на ист начин. Невнимателните христијани со своето запоставување на другите покажуваат дека не се обединети со Христа. Невозможно е да се биде обединет со Христа, а во исто време да се биде нељубезен со другите и да се игнорираат нивните права. Многумина чувствуваат силна желба за пријателско сочувство. Бог на секого од нас му дал личен идентитет кој не може да се стопи во личноста на некој друг; меѓутоа, доколку сме навистина Христови и ја прифатиме Неговата волја како своја, тие лични особености помалку ќе се истакнуваат. Својот живот ние треба да го посветиме на доброто и среќата на другите како што го правел тоа и нашиот Спасител. Во целосен заборав на себе, секогаш треба да гледаме дури и во ситните поединости да покажеме благодарност за сè што примаме од другите. Да настојуваме секогаш да пронајдеме начин како да ги израдуваме другите, олеснувајќи ги нивните товари и грижи со нежна љубезност и ситни докази на љубов. Збирот на такви вниманија и љубезности, кои започнуваат во семејството и се шират подоцна и надвор од семејниот круг, претставуваат животна среќа, додека со запоставување на тие привидни ситници постојано се дополнува чашата на горчина и животни страдања. (Testimonies for the Church, vol. 3, str. 539.540)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest