2 Јули – Примете сила од Бога

„Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!“ (Исаија 27,5)

Енох бил човек со силен ум, со високо развиена свест и располагал со многу знаење; бил почестен со посебни Божји откровенија, па сепак, одржувајќи постојана врска со Небото и сфаќајќи ја божествената големина и совршенство во однос на себе, бил еден од најпонизните меѓу луѓето. Колку поинтимна била неговата поврзаност со Бога, сѐ подлабоко ја чувствувал сопствената слабост и несовршенство.

Потиштен поради сѐ поголемата плима на безбожност и зло и стравувајќи нивното неверство да не ја намали и неговата стравопочит кон Бога, Енох го одбегнувал дружењето со нив, и многу време поминувал насамо, оддавајќи се на размислување и молитва. Така тој одел со Бога, стремејќи се што појасно да ја сфати Неговата волја за да може да ја исполни. Молитвата за него била дишење на душата; живеел во вистинска небесна атмосфера. (Патријарси и пророци, стр. 85. оригинал)

Одржувајќи на тој начин постојана врска со Бога, Енох сѐ повеќе и повеќе претставувал отсјај на божествениот лик. Неговото лице зрачело света светлина, онаа светлина што свети од лицето на Исуса Христа. Секогаш кога би се враќал од една таква заедница со Бога дури и оние кои не биле побожни, со стравопочит би го забележувале небесниот отпечаток на неговото лице. (Патријарси и пророци, стр. 87. оригинал)

Секој што ќе ја послуша опомената и со понизна душа ќе го признае својот грев и ќе се покае, како Давид, може да биде сигурен дека за него постои надеж. Секој кој со вера ќе ги прифати Божјите ветувања, ќе добие проштавање. Господ никогаш нема да ја отфрли душата која искрено се кае. Неговото ветување гласи: „Нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!“ (Патријарси и пророци, стр. 726. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest