„На Господа Му се мили оние, кои се бојат од Него, кои се надеваат на Неговата милост.“ (Псалм 147,11)
Целото Небо се радува кога слабите, грешни човечки суштества Му се предаваат на Исус за да го живеат Неговиот живот. (Порака до младите, стр. 108. оригинал)
Христос се заветувал дека ќе биде наш заменик и гаранција и Тој никого нема да го занемари. Оној кој не можел да дозволи човечките суштества да заминат во вечна пропаст, кој својата душа ја предал на смрт наместо нив, ќе пречекува со добредојде и со сомилост секоја душа која сфаќа дека не може да се спаси самата себе и ќе го подигне секој очаен молител. Тој, кој со своето посредување на секој човек му обезбедил бесконечна резерва на морална сила, не може да ја пропушти можноста таа сила да не ја употреби во наша полза. На секој кој очајува Тој ќе му помогне да се подигне. Тој кој со своето помирување им го ставил на луѓето на располагање вечното благо на духовната сила никогаш нема да пропушти оваа сила да не ја употреби во наша корист. Сите свои гревови, грижи и болки да ги ставиме покрај Неговите нозе, бидејќи Тој нѐ љуби. Секој Негов поглед и секој Негов збор треба да ни влева самодоверба. (Христови параболи, стр. 157. оригинал)
Без оглед колку се бедни некои припадници на човечкиот род, кои луѓето ги презираат и од кои се одвраќаат, сепак, тие не паднале толку ниско, ниту се толку бедни за Бог да не може да ги забележи и да не ги сака. Христос копнее измачените со грижи, уморните и угнетените човечки суштества да дојат кај Него. Тој копнее да им даде светлина, радост и мир, да им го даде она што не може да се најде никаде на друго месго. (Христови параболи, стр. 226. оригинал)
