18 јули – Размислете во своите срца 

„Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и молкнете.“ (Псалм 4,4)

Внимателно испитај го своето срце и состојбата на своите чувства кон Бога. Прашај се: Дали ги посветив скапоцените моменти од денешниот ден на тоа да се задоволувам себеси, барајќи забава за себе? Или направив другите да бидат среќни? Дали им помогнав на оние што се поврзани со мене да бидат повеќе посветени на Бога и да ги ценат вечните нешта? Дали ја донесов мојата вера во домот, и таму ја открив благодатта на Христос преку моите зборови и моето однесување? Дали со мојата послушност ги почитував моите родители и со тоа ја исполнив петтата заповед? Дали со радост ги прифатив моите мали, секојдневни должности, извршувајќи ги верно, правејќи сè што можам за да ги олеснам товарите на другите? Дали ги чував своите усни од зло и јазикот од измама? Дали го почитував Христос, мојот Откупител, Кој го даде Својот скапоцен живот за вечниот живот да ми биде достапен? …

Биди сериозен; биди одлучен. Претстави ги Божјите ветувања, и потоа верувај без сомнеж. Не чекај да почувствуваш некакви посебни емоции пред да помислиш дека Господ одговара. Не поставувај однапред некаков одреден начин на кој Господ мора да делува за тебе пред да поверуваш дека ќе ги добиеш работите што Му ги бараш; туку довери Му се на Неговото слово, и препушти ја целата работа во рацете на Господа, со целосна вера дека твојата молитва ќе биде почитувана, и одговорот ќе дојде токму во времето и на начинот што твојот небесен Татко ќе го смета за најдобар за тебе; и потоа живеј според своите молитви. Оди понизно и продолжи напред. (Порака до младите, 122, 123. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest