18 јануари – Најголемата љубов кон Бога

„Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор… Да, Сèдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога.“ (Јов 22,23.26)

„Љуби го Господа, својот Бог, со цело свое срце, со сета своја душа, со сите свои мисли. Ова е првата и најголема заповед“. Првите четири заповеди бараат својата љубов да му ја дадеме само на Бог. Не смееме да дозволиме нешто друго да нѐ одвои од Бог или на било што да му посветиме поголемо внимание отколку на Него. Сето она што ги одвојува нашите чувства од Него и ја бара онаа возвишена љубов што само на Него му ја должиме, ни станува идол или друг бог. Нашето телесно срце грчевито се држи за своите идоли и се стреми да ги задржи, но ние не можеме да напредуваме сѐ додека не ги отфрлиме тие идоли, бидејќи тие нѐ одвојуваат од Бога. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 289. оригинал)

Кога би мислеле за Бога само онолку колку што имаме докази дека Тој се грижи за нас, тогаш Тој секогаш ќе биде во нашите мисли и ние ќе уживаме да зборуваме за Него и да го славиме. Ние зборуваме за поминливите работи затоа што се интересираме за нив. Ние зборуваме за нашите пријатели затоа што ги сакаме; нашите радости и нашите таги се поврзани со нив. Сепак, ние имаме неизмерно повеќе причини да го љубиме Бога отколку нашите земни пријатели; би требало да биде најприродно Него да го ставиме на прво место во нашите мисли, да зборуваме за Неговата добрина, да раскажуваме за Неговата сила. (Патот кон Христа, стр. 102. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest