„Браќа, јас уште не мислам дека го достигнав! Но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта: за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса.“ (Филипјаните 3,13.14)
Небесните сили ќе соработуваат со човечките орудија кои репштелно и со вера се обидуваат да постигнат совршенство на карактерот што ќе им овозможи да постигнат и совршенство во делата. Секому што се вклучил во ова дело Христос му вели: ,Јас ти стојам од десната страна за да ти помогнам!“ Кога човечката волја соработува со Божјата волја, таа станува семоќна. Се што треба да се прави по Негова заповед, направи го тоа со Негова сила. Сите Негови заповеди едновремено и оспособуваат заповедта да се изврши. (Христови параболи, стр. 332.333. оригинал)
Почнувајќи го својот живот уште рано наутро, контролиран од природните и Божјите закони, христијанинот постојано се движи напред и тоа по нагорна линија, приближувајќи се сѐ поблизу до својот небесен дом, каде што го очекува венецот на животот и ново име. Тој постојано напредува во среќата, во светоста и во корисноста. Неговото напредување во секоја година што претстои го надминува напредувањето од минатата година.
Бог пред младите поставил скалила на постојан напредок, скалила кои што од земјата допираат сѐ до небото. На врвот на тие скалила е самиот Бог, а секој степеник е осветлен со блескавите зраци на Неговата слава. Тој со будно око ги следи оние кои што се искачуваат, спремен – кога раката ќе попушти а ногата ќе потклекне – со драга волја да помогне. Да, ова го кажувам со зборови со кои што сакам да го охрабрам секој поединец: Ниеден од оние кои што упорно и истрајно се искачуваат по овие скалила не мора да доживее неуспех.
Сатаната им нуди многу искушенија на младите. Тој ја игра играта на животот за нивните души и не остава ништо неиспробано за да ги привлече и уништи. (Порака до младите, стр. 95. оригинал)