17 aприл – Внимателно одмерете ја својата патека

„Внимавај на патеката по која одиш, и нека сите твои патишта бидат постојани.“ (Пословици 4,26)

Најголемата потреба на светот е потребата од луѓе – луѓе кои не можат ниту да се купат ниту да се продадат, луѓе кои во длабочината на својата душа се праведни и чесни, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како што магнетната игла му е верна на полот, луѓе кои ќе стојат на страната на праведноста па дури и небото да се урне. Но таквиот карактер не е плод на случајот; тој не може да и се припише на личната наклонетост или на даровите на Провидението. Благородниот карактер е плод на самодисциплина, покорување на пониската природа на повисоката – предавање на самиот себе во служба на Бога и ближните од љубов.

Младите мораат да ја разберат вистината дека даровите што им се доверени не им припаѓаат ним. Силата, времето и разумот се само позајмени богатства. Тие Му припаѓаат на Бога, и секое младо суштество треба да одлучи да ги употреби за највозвишени цели. Младите се лози од кои Бог очекува род; ѓакони чии таленти мораат да се умножуваат; светлина која треба да ја осветли темнината на светот. На секое момче и девојка и на секое дете му е одредена работа која треба да ја изврши за да се прослави Бог и да се облагороди човештвото. (Воспитување, стр. 57. оригинал)

Сaмo дoкoлку ja сoглeдaмe нaшaтa пoтпoлнa бeспoмoшнoст и ja oтфрлимe сaмoдoвeрбaтa, ќe мoжeмe дa сe пoтпрeмe нa Бoжjaтa силa. Вaквoтo oткaжувaњe oд нaшeтo „Jaс“, нe трeбa дa сe нaпрaви сaмo нa пoчeтoкoт нa христиjaнскиoт живoт. Toa трeбa дa сe oбнoвувa при сeкoj чeкoр сo кoj сe приближувaмe кoн Нeбoтo. Ситe нaши дoбри дeлa, зaвисaт oд силa штo e нaдвoр oд нaс; зaтoa нaшeтo срцe мoрa пoстojaнo дa пoсeгa кoн Бoгa, пoстojaнo искрeнo дa ги признaвa свoитe грeвoви и дa ja пoнижи душaтa прeд Нeгo. (Здрвје и среќа, стр. 455. оригинал)

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest