17 јануари – Изворот на секој благослов

„Освоија тврди градови и плодна земја и наследија куќи полни со секакво добро, изделкани кладенци, лозја, маслинови градини и многу плодни дрва: јадеа, се ситеа и се дебелеа, и уживаа во твојата голема добрина.“ (Неемија 9,25)

„Тој на сите им дава живот дишење и сѐ“… Луѓето можат да стекнат имот само ако Бог им подари сила за тоа. Како признание дека сето тоа доаѓа од Него, Господ бара еден дел од Неговите добра да му се врати во вид на дарови и прилози наменети за одржување на Неговата служба. (Патријарси и пророци, стр. 525. оригинал)

Првиот меѓу земните плодови што би узреал, му бил посветуван Нему… Така народот постојано бил потсетуван дека Господ е вистински сопственик на нивните ниви и на нивните стада овци и говеда дека Тој со благотворните зраци на сонцето и дождот им овозможил сеидба и жетва дека Тој е Творец на сѐ што имаат и дека нив ги сторил само повереници на Неговите добра. (Патријарси и пророци, стр. 526. оригинал)

Седмиот месец бил празникот Сеница кој се викал празник на бербата. Со овој празник на Бога му се оддавала благодарност и признание за обилниот род на овошките, лозјата и маслинките. Тогаш бил и најголемиот годишен народен собор. Земјата го давала своето изобилство. Жетвата била собрана во амбарите; овошјето, виното и маслото биле сместени на своето место. Првите плодови биле принесени и сега бил ред народот со своите дарови да ја изрази и да ја посведочи својата благодарност кон Бога што толку обилно ги благословил.

Овој празник, пред сѐ, требало да претставува повод за голема радост… Бидејќи работите околу жетвата биле завршени, а тешкотиите на новата година уште не почнале, народот бил слободен од грижите и можел да ужива во свеченото и освежувачко влијание на мигот. (Патријарси и пророци, стр. 540. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest