14 август – Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени

„Вистина ви велам, дека на човечките синови ќе им бидат простени сите гревови и хули, колку и да хулат; но кој похули на Светиот Дух, нема прошка довека.“ (Марко 3,28.29)

Што е всушност гревот против Светиот Дух? Доколку делото на Светиот Дух намерно му се препишува на сатаната. На пример, да препоставиме дека некој е сведок на посебно делување на Светиот Дух. Тој поседува убедлив доказ дека делото е во согласност со Светото Писмо, и Духот му сведочи на неговиот дух дека тоа е од Бога. Меѓутоа, после тоа тој подлегнува на искушението. Со него завладуваат гордост, самоувереност или некои други лоши особини; и отфрлајќи ги сите докази од божествен карактер, тој изјавува дека тоа што порано го признавал како сила на Светиот Дух – е сатанска сила. Бог преку Својот Дух дејствува на човечките срца, но кога луѓето намерно го отфрлаат Духот и изјавуваат дека доаѓа од сатаната, тие ја пресекуваат врската преку која Бог може да општи со нив. Порекнувајќи ги доказите што Бог милостиво им ги дал, тие ја отфрлаат светлината што светела во нивните срца. Тие ја отфрлаат светлината што светела во нивните срца и заради тоа остануваат во мрак. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 634. оригинал)

Без оглед на тоа каков е гревот, ако душата се покае и поверува, вината е испрана со Христовата крв. Но оној што ќе го отфрли дејствувањето на Светиот Дух, се поставува таму каде што покајанието и верата не можат да допрат до него. Со својот Дух Бог работи врз срцето; кога луѓето намерно ќе го отфрлат Духот и кога ќе изјават дека Тој е од сатаната, го пресекуваат каналот преку кој Бог може да одржува врска со нив. Кога Духот засекогаш ќе се отфрли, тогаш не постои ништо повеќе што би можел Бог да стори за душата. (Копнежот на вековите, стр. 322. оригинал)

19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости
12 август - Испитај ме и познај го срцето мое
11 август - Светиот Дух осведочува
10 август - Ги знам моите престапи

Pin It on Pinterest